Шест сообраќајки во текот на вчерашниот ден во Скопје

Од:

Во текот на вчерашниот ден, на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле шест сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, една со телесни повреди и четири со материјална штета.

При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди (возач на товарно моторно возило) а едно лице се здобило со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 28 возачи го управувале возилото со поголема брзина од дозволената.

Единаесет возачи се исклучени од сообраќај- и тоа девет возачи заради тоа што управувале возило без да се стекнат со право за управување, и двајца бидејќи биле возачи почетници. Исто така 13 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани.

Тројца возачи се санкционирани заради минување на крстосница на црвено светло, тројца не дале првенство на минување на возила и пешаци, седуммина неправилно престигнувале и исто толку возачи не поседувале зимска опрема во возилата.

Во текот на изминатите денови, исто така, издадени се 91 мандатни платни налози, додека 86 возила се подигнати со “пајак”.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози