Грчкиот Парламент ги одобри условите потребни за отпуштање на итната помош за земјата

Од:

Грчкиот Парламент доцна синоќа го одобри законот, со кој се ратификуваат десетици услови, кои беа побарани од земјата за отпуштање на финансиската помош – од построг буџетски надзор до листа на платите на вработените во разузнавањето.

Со 166 гласови „за“ и 123 „против“ пратениците ги усвоија мерките, кои со одлука на владиниот кабинет беа привремено воведени минатата година со цел Грција да може да обезбеди нова поголема помош.

Демократската левица, помалиот партнер во коалициската Влада, гласаше против мерките за намалување на помошта за трајно невработените и за пензионерите, кои не навршиле 65 години.

Министрите за финансии од еврозоната минатиот месец одлучија на Грција да и бидат отпуштени вкупно 49,1 милијарда евра финансиска помош, при што првата транша од 34,3 милијарди евра беше доделена првите неколку денови, а останатиот дел е планиран за првото тримесечие на 2013 година.

Голем дел од условите за отпуштање на таа помош беа воведени времено и за да бидат трајни беше потребно Парламентот да ги одобри до 40 денови од нивното донесување.

Со новиот закон меѓу другото се воведуваат даноци за сопствениците на големи автомобили, на јахти, базени и приватни авиони. Законот предвидува и Министерството за финансии да има поголеми права во контролирањето на трошоците на Владата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција