Во рамките на неговата посета на Општина Акхисар, градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари имаше средба со заменик претседателот на оваа општина, Омер Ишчи.
Таравари и Ишчи, во правец на продлабочување на соработката помеѓу двете општини, разговараа за можноста за инвестирање во општина Гостивар од страна на бизнисмените од Акисар, но и од Турција во општо.
Тие се согласија, поширока делегација составена од официјални лица од Општина Акхисар, претставници на турските стопански комори, во блиска иднина да остварат посета на општина Гостивар и да се запознаат со овдешната бизнис клима.
Градоначалникот Таравари истакна дека градот Гостивар е познат за гостопримство и дека на гостиварските граѓани ќе бидат почестени да бидат домаќини на делегација од пријателската општина Акисар. При посетата на Гостивар, ќе им биде овозможено да го истражат пазарот во Гостивар и околината, да се запознаат со поддршката и олеснувањата кои ги нуди државата во општо и Општина Гостивар посебно, за странски инвестиции, се вели во соопштението на Општина Гостивар.