Симона Угриновска – нов в.д. директор на МНТ

Од:

По оставката на в.д. директорот на Македонскиот народен театар Драган Спасов-Дац, Министерството за култура за нов в.д. директор ја назначи Симона Угриновска која, согласно со законот, е од вработените во театарот, продуцент во МНТ.

– Таа ќе ја извршува функцијата до распишување на конкурсот за нов директор. Како и во другите институции, согласно со измените на законите за култура и за државна администрација, прво треба да се изврши промена на статутите, а потоа да се пристапи кон распишување на конкурсите. Процедурата може да потрае еден до два месеца, рече министерот за култура Роберт Алаѓозовски одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

МНТ со претставата „Бели ноќи“ ќе учествува во одбележувањето на 80- годишнината на Народен театар, Битола

Катерина Ѓуровски

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска