ВМРО-ДПМНЕ: Власта сака да го претвори правосудниот систем во егзекутор на политичките нарачки

Од:

„Владеењето на правото е деградирано. Правната држава е девалвирана. СДСМ ја претвори демократијата во имагинарен поим.

Комесарот за човекови права на Советот на Европа изрази сомнеж за владеењето на правото во Република Македонија, како последица на политички монтираните случаи против десетици македонски граѓани неосновано обвинети за тероризам.

Актери, режисери, архитекти, доктори и видни општествени дејци, преку ноќ се најдоа во затвор само затоа што имаат различни политички погледи од Зоран Заев.

Правата на притворените се прекршуваат неколкукратно во сите фази на постапката. Притворените пратеници незаконски се апсени, факт кој го нотираше и Народниот правобранител.

Власта сака да го претвори правосудниот систем во егзекутор на политичките нарачки. Професионалците во ОЈО и судовите не треба да подлегнуваат на притисокот и треба да работат исклучиво согласно Устав и закон.

Чесните професионалци во правосудните органи ја имаат историската улога да ја заштитат демократијата и правната држава. Одговорноста е огромна, бидејќи влогот е Република Македонија која мора да биде држава во која се почитуваат човековите права и слободи.

Политичкиот прогон мора да запре. Правосудните органи ја имаат и одговорноста и можноста тоа да го направат.

Во интерес на нашите Евроатлански интеграции е Република Македонија час поскоро да стави крај на политички конструираните случаи. Уставот, законот и меѓународните договори мора да важат подеднакво овде како и во која било друга земја од ЕУ и НАТО, организации кои се наша стратешка определба и цел“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал