Левица до Сириза: Барајте решение што ќе го намали национализмот во двете земји, а не што ќе го зголеми

Од:

„Почитувани другари од Сириза,
Веќе длабоко сме навлезени во третата деценија од таканаречениот „спор околу името ‘Македонија‘“ помеѓу двете соседни држави Република Грција и Република Македонија. Особено последните месеци се забележува раздвижување на процесот на разговори воден под покровителството на ОН, но зачестуваат и директните средби помеѓу владините претставници од двете земји. Како што стана веќе очигледно, таквото раздвижување се должи пред сè на планот Република Македонија оваа година да стане триесеттата членка на милитаристичката организација НАТО, нешто што ние како левичарска партија го одбиваме и против кое активно се бориме.

Кога вашата партија, пред неколку години, ја презеде власта, ние тоа го поздравивме, верувајќи дека конечно дојде на власт партија која ќе работи во интерес на обичниот народ. Исто така, верувавме дека ќе започнат сериозни напори за борба против национализмот во двете земји, кои ќе вклучат, меѓу другото, и решавање на т.н. спор околу името со почитување на принципот на самоопределување и самоиндентификација на народите, што е важен принцип и за левичарите.

Денес, на почетокот на 2018 година, гледаме дека Владата која што ја предводите не е подготвена да ги почитува принципите на самоопределување и самоидентификација и дека активно работи на вклучувањето на Република Македонија во НАТО. Брзоплетиот начин да се „реши“ спорот околу името, без претходна борба против национализмот во двете земји, ќе има исклучително погубни последици за двете наши земји, бидејќи ќе предизвика огромна фрустрација кај граѓаните на двете земји и раѓање на нов агресивен национализам.

Тоа ли е резултатот што е прифатлив за вашата партија и за што ќе преземете одговорност? Дали сакате и идните генерации во нашите две држави да бидат злоупотребувани едни против други од страна на националистите во двете земји?

Во духот на другарството и солидарноста, отворено ве повикуваме:
1) да се воздржите од играњето активна улога во процесот на вклучување на Република Македонија во НАТО;
2) да се борите за решавање на спорот околу името што ќе го намали, а не зголеми национализмот во двете земји и што ќе ги почитува темелните левичарски принципи на самоопределување и самоидентификација на народите“ се вели во писмото на Левица до Сириза.

Би можело да ве интересира

Пратениците од Левица поднесоа интерпелација за претседателката на Комисијата за социјална политика Даути за законот за бранители

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчев: Нашиот левичарски нарав е таков – за сестра се умира

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

(ВИДЕО) Мециновиќ: Народот заслужува одговори – ДПМНЕ му сервира пцости и насилство

Баџанакот на Тошковски “победи” студент на генерација и стана доцент обвинува Левица