Бунтовниците на племето Туарези подготвени се да и помогнат на Франција во борбата против исламистите на северот на Мали, изјави висок претставник на Националното движење за ослободување на Азавад (МНЛА).
– Подготвени сме да пружиме поддршка на француската војска. Веќе сме вклучени во борбата против тероризмот…Имаме луѓе, оружје и пред се желба да ја ослободиме државата Азавад од тероризмот, изјави Муса Аг Асарид.
МНЛА е сепаратистичко движење на Туарезите, кое во април минатата година, по мартовскиот воен удар во Мали, искористи момент и прогласи независна држава Азавад на северот на западноафриканската земја, а во борбата против владините сили се приклучија и регионални групи на исламистите.
По привременото затишје, салафистите без помош на Туарезите кон крајот на 2012 ја продолжија офанзивата кон југот на Мали со цел целосно заземање на земјата.