Отворен ден во Општина Битола

Од:

„И денешниот петок, како ден на средби на градоначалникот на Општина Битола, м-р Наташа Петровска со граѓаните од општината, беше исполнет со многубројни разговори за проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните. Се разговараше и за повеќе предлози од граѓаните, се доставуваа, идеи и сугестии, а се бараше и одговор на повеќе поставени прашања.

Денешниот отворен ден за средби на градоначалникот со граѓаните на Општина Битола, посебно го одбележа средбата со претставници на Женскиот ракометен клуб „Пелистер 2012“ од Битола, на која се разговараше за перспективите на женскиот ракомет во градот. На состанокот со претставниците на клубот, беше договорено, општината и понатаму во рамките на своите можности, да го поддржува развојот на женскиот ракомет во Битола.

Ракометарките на градоначалничката и подарија дрес од ЖРК „Пелистер 2012“ кој го носи нејзиното име и бројот 18, притоа преку овој број симболизирајќи го датумот на нејзиното раѓање, а со тоа и големото значење на нејзината поддршка за напредокот на женскиот ракометот во општината“ се вели во соопштението на Општина Битола.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка во Битола, тешко повреден 52-годишен маж

Во Битола отворена изложба за Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина

А1он

Два дена по ред Битола е најзагаден град во Македонија

Утринава најстудено во Битола -4 степени, најмногу снег на Попова Шапка

Инцидент во детска градинка во Битола

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски