По повеќе децении лобирање и молби канадските сенатори изгласаа промена на текстот на химната на англиски јазик. Со што сега текстот е родово неутрален и ги опфаќа сите Канаѓани и Канаѓанки.
Сенаторите изгласаа промена на вториот стих на химната. Вториот стих од „разбуди вистинска патриотска љубов во сите свои синови“ е сменет во „разбуди вистинска патриотска љубов во сите нас“.
– За да се случи ова мала, но значајна промена требаше да поминат речиси 30 години, изјави канадска сенаторка Франсис Ларкин.