СДСМ: Мерката „Маалски полицаец“ ја зголемува безбедноста на граѓаните и ја враќа довербата во полицијата

Од:

„Владата предводена од СДСМ, продолжува со остварување на предвидените мерки што беа дел од Планот за живот во Македонија и Програмата за работа на Владата.

Министерството за внатрешни работи започна со спроведувањето на мерката „Маалски полицаец“ односно активирање на позорната служба на полицијата.

Ова мерка ќе има исклучително значење во превентивното работење, зголемување на заштитата и безбедноста на граѓаните како и зајакнувањето на соработката помеѓу граѓаните и полицијата.

Со повторното активирање на полицајците позорникари ќе се зголеми безбедноста во населените места, ќе се зајакне борбата против криминалните појави во секое маало, со што ќе се зголеми и довербата во полицијата.

Маалскиот полицаец е вистински заштитник-пријател на граѓаните.

Проектот веќе се спроведува во Куманово, следува реализација во Битола и Штип, а ќе продолжи да се спроведува и во останатите градови во Република Македонија.

Во интерес на граѓаните, СДСМ преку Владата што ја предводи, останува посветена во спроведувањето на мерките што обезбедуваат слободни, професионални институции, квалитетен и безбеден живот за сите граѓани“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда