(ВИДЕО) Мицкоски: Решението за кое преговара владата треба да ги запазува државните и национални интереси

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес, заедно со потпретседателот Александар Николоски, генералниот секретар Игор Јанушев оствари средба со специјалниот пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации за прашањето за името Метју Нимиц.

На средбата стана збор за актуелниот процес кој се води под покровителство на ОН поврзан со постигнување на решение за спорот со Република Грција.

На средбата претседателот Мицкоски ги афирмираше официјалните ставови и позиции на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со спорт за името.

Тој посочи дека разговорите треба да продолжат да се водат во рамката утврдена од Обединетите нации, почитувајќи ги документите и принципите на Советот за безбедност, Времената спогодба и пресудата од Меѓународниот суд на правдата.

На средбата од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше изразена загриженост за одредени чекори во грчкото општество кои иритираат и поттикнуваат негативи чувства кон Република Македонија и истите не се од помош на целокупниот процес.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека решението за кое преговара македонската влада треба да ги запазува државните и националните интереси и да не го загрозува националниот идентитет на Македонците.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Никогаш нема да поддржам повеќејазичност во правосудството

Мицкоски: Нема да водиме мекотелна политика и дипломатија за пари како претходната влада

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Мицкоски: Поголема одговорност во трошењето јавни средства

Мицкоски зборува за промената на името, ама не го враќа старото име на државата, вели Филипче

Мицкоски: Подготвен сум да се ограничи двојното државјанство за извршната власт

Горан Наумовски