ЗНМ: На новинарите ќе им се олесни пристапот до информациите од државните институции

Од:

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ќе потпише меморандум за соработка со Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со што ќе отвори можност да се подигне нивото на општествена транспарентност и ќе им се олесни патот на новинарите до информации од државните институции.

Ова на денешната средба го договорија претставници на ЗНМ и Комисијата. На средбата се разговараше како да се оствари блиска соработка меѓу Здружението и Комисијата со цел да се подобри транспарентноста на јавните институции, но и за да се овозможи побрз и поефикасен пристап на медиумите и граѓаните до информациите од јавен карактер.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, истакна дека заедничката соработка треба да биде од корист за сите. „Преку поблиска соработка новинарите ќе дознаат повеќе за Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а кај граѓаните и кај институциите ќе се подигне свеста за важноста од отвореноста на институциите“, рече Селмани.

Првиот човек на Комисијата, Ѓорѓи Сламков, пак, потенцираше дека во процес е носење нов закон со кој треба да се овозможи подобро и поефикасно функционирање на ова тело, а истовремено ќе се отвори можност за поголема и поинтензивна соработка со повеќе општествени чинители.

Со меморандумот за соработка се предвидуваат обуки за новинарите за ефикасно користење на законската можност за слободен пристап до информации од јавен карактер, како и јавни кампањи кои ќе придонесат институциите да станат потранспарентни.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје