Лидерот на главната опозициска грчка партија – радикалната левица СИРИЗА, Алексис Ципрас, изјави пред германскиот финансиски министер Волфганг Шојбле, дека реформите поддржани од Берлин и од Владата во Атина, се целосно неуспешни.
Тоа според него придонело за зголемување на невработеноста и сиромаштијата во државата.
Ципрас (38) побара средба со Шојбле при посетата на Берлин и изјави пред новинари дека „економските програми немале успех во цела Европа, и особено во Грција“.
– Сега треба да се справиме со последиците од тие мерки: сиромаштија и невработеност, посочи Ципрас.
Извор од германското Министерство за финансии изјави дека Шојбле недвосмислено му рекол на Ципрас дека нема алтернатива за стабилизациската програма и го повикал да даде поддршка за пакетот економски мерки за штедење.