Рисчето Деки порасна во рис што господари со Маврово

Од:

Македонското еколошко друштво (МЕД) во соопштение до јавноста со гордост објавува дека годинава рисот Деки ќе наполни 6 години. МЕД веќе петта година го следи овој шумски убавец што првпат беше регистриран со помош на фотозамка во 2013 година.

„На првата фотографија осуммесечниот Деки е сликан како се движи веднаш зад својата мајка во Националниот парк Маврово. Од февруари до јуни 2015 година движењето на овој рис го следевме и со помош на ГПС-ремче околу вратот. Така успеавме да утврдиме дека Деки е своевиден рекордер во однос на неговата индивидуална територија, која зафаќа 888  квадратни километри и двојно ја надминува онаа на неговите соседи, рисовите Мартин и Марко. На фотографиите е Деки како тинејџер (лево) и како возрасен рис (десно)“, наведуваат од Македонското еколошко друштво.

Истражувањата за балканскиот рис Македонско еколошко друштво ги спроведува 12 години во рамките на Програмата за закрепнување на балканскиот рис на територијата на западна Македонија.

Би можело да ве интересира

Полицајци пронашле рачни бомби поставени на планинарска патека

Горан Наумовски

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

Ослободено мече кое било заглавено на дрво во Маврови Анови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Мечка со две мали мечиња снимени на пат во Маврово

Катерина Ѓуровски

Најстудено во Битола, најмногу снег во Маврово

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови