Стечајниот управник на имотот на А1 телевизија го продал бродот „Кан“ на поранешниот сопственик Велија Рамковски.
Бродот кој долго време стои во каналот „Студенчишта“ во Охрид го купил познат скопски кафеанџија, сопственик на рестораните „Мирко 19“ и „Рагуза“ за 250 илјади евра, јави порталот Либертас.
Според истиот извор, бродот ќе се реновира и ќе се подготви за престојното лето.