Каталонскиот лидер, Карлес Пучдемон, кој се наоѓа во егзил во Белгија, негираше дека се откажува од борбата за лидерската позиција во парламентот.
Тој всушност реагирал на објавен телевизиски прилог во кој било наведено дека Пучдемон рекол дека шпанската влада ја добила битката во Каталонија.
„Не се плашам и нема да се повлечам. Продолжуваме“, напиша Пучдемон на Твитер по прилогот на шпанската национална телевизија каде била прикажана приватна телефонска комуникација на Пучдемон во која пишувало дека битката е завршена и дека неговите соработници го жртвувале.