Претседателот на каталонскиот регионален Парламент, Роже Торен ја одложи парламентарната седница закажана за денеска, на која требаше да биде избран нов претседател на Владата на Каталонија.
Засега единствен кандидат за оваа функција е поранешниот претседател на каталонската Влада, Карлес Пуџдемон, кој се наоѓа во егзил во Брисел, а централните власти во Мадрид се обидуваат да го блокираат неговиот избор.
Торен по одлагањето на седницата, нагласи дека нема да предлага друг кандидат за претседател на каталонската Влада.
– Денешната седница е одложена, но не е откажана, изјави Торен, додавајќи дека Пуџдемон е единствениот кандидат за функцијата.