Каталонските пратеници денеска ќе избираат нов лидер на шпанската покраина Каталонија. Кандидатот за оваа функција Карлес Пуџдемон е во егзил во Брисел, а централната Влада во Мадрид се обидува да го блокира неговиот избор.
Со Каталонија последните три месеци управува Мадрид, откако шпанскиот премиер Маријано Рахој го смени Пуџдемон поради еднострано донесената декларација за независност, што беше усвоена од региооналниот Парламент во октомври минатата година.