Осум сообраќајки во текот на вчерашниот ден во Скопје

Од:

Во текот на вчерашниот ден, на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле осум сообраќајни незгоди од кои три со телесни повреди и пет со материјална штета. При сообраќајните незгоди пет лица се здобиле со лесни телесни повреди.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 45 возачи го управувале возилото со брзина поголема од дозволената. Од сообраќајот вкупно исклучени се девет возачи и тоа двајца бидејќи го управувале своето возило под дејство на алкохол и седум возачи бидејќи го управувале возилото без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Од сообраќајот се исклучени и девет возила со истечена важност на сообраќајна дозвола.

Во текот на изминатиот ден биле издадени и 75 мандатни платни налози за не прописно паркирање и 86 возила биле подигнати со „пајак“. Во текот на вчерашниот ден биле санкционирани и седум пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.

Исто така еден возач е санкциониран поради поминување на крстосница на црвено светно, еден возач поради не давање првенство на минување и еден возач поради неправилно престројување.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози