Десетмина мртви во брутална пресметка меѓу затвореници во Бразил

Од:

Десетмина затвореници беа убиени во судирите со членови на ривалски групи во затвор во североисточниот дел на Бразил, објавија бразилски официјални претставници.

Тепачката избила утрово во затворот Итапажа во бразилската држава Сеара. Локалните власти објавија дека полицијата и чуварите реагирале по немирите, со што ситуацијата била вратена под контрола, но не се соопштуваат повеќе детали.

Во 2017-та година Бразил се соочи со серија бунтови по затворите во кои загинаа десетици луѓе. Затворите во Бразил честопати се пренатрупани, со недостаток на персонал и се практично под контрола на бандите. Во бразилската држава Сеара, претходно викендов се случи масакр. Имено, вооружени напаѓачи убија 14 лица на прослава во градот Форталеза, ноќта меѓу петокот и саботата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск