ВМРО-ДПМНЕ: Судот има обврска да ја гарантира законитоста и да биде чувар на демократијата

Од:

„Еден од основните постулати на Европската Унија и НАТО е владеењето на правото. Македонија не може да напредува во евро-атланските интеграции се додека е заробена држава во која е укинато владеењето на правото. Македонија е единствена држава среде Европа во која во 21 век сеуште има политички затвореници. Политички затвореници се Дурловски, Илиевски, Јовановски, Дамовски, Чавков, пратениците и сите останати кои се неправедно притворени за настаните од 27-ми април.

Тие сите се обвинети за тероризам само поради љубовта кон татковината и различните политички ставови од оние СДСМ и Заев. Невини луѓе без ниту една црна дамка во нивните животи и кариери, без никаква правна основа, неправедно се наоѓаат во притвор, додека владините претставници лицитираат со македонската историја и иднина.

Судот слепо и слугува на власта неможејќи да собере храброст, да се спротистави и да дели правда врз основа на аргументи. Судот наместо праведно да суди, монтира случаи за пресметка со политичките противници на Зоран Заев.

Судот има шанси да исправи дел од грешките доколку престане да замижува пред аргументите што ги нуди одбраната на политички притворените и утврди дека навистина не постои никаков сомнеж дека тие би бегале, би говповториле делото или би влијаеле врз истрагата.

Независноста на судот е право на граѓаните, тој има обврска да ја гарантира законитоста и да биде чувар на демократијата. Судството мора да се ослободи од притисоците кои власта ги врши, одлуките мора да бидат во согласност со законите и доказите.

Силни и независни институции заслужуваат сите наши граѓани, силни и независни институции кои ќе ги штитат нивните права. Република Македонија мора под итно да се врати на вистинскиот пат на патот на демократијата, слободата и почитување на основните човекови права. Политичкиот реваншизам и малтретирање на луѓе кои размислуваат поинаку од СДСМ мора да запре“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ