Најмалку 14 луѓе загинаа во вооружен напад во ноќен клуб на североистокот на Бразил, соопшти тамошната полиција. Нападот се случил вчеравечер во градот Фортазели.
Локалните медиуми јавуваат дека станува збор за пресметка меѓу нарко дилери. Извори од полицијата навеле дека нападот бил извршен меѓу две ривалски фракции, една локална банда и една поголема од Рио де Жанеиро која настојува да завладее со цел Бразил.
Нападот го извршила група вооружени лица со три возила. Франс прес јавува дека улиците и денеска биле празни.
„Глетката е брутална, ваков масакр досега не сме виделе“, рекол еден локален полицаец.
Иако признал дека ова е најсмртоносен напад досега во сиромашната држава Сеара која е многу популарна меѓу туристите, државниот секретар Андре Коста рекол дека власта ја нема изгубено контролата во борбата со нарко клановите.
Во 2017 година во Сеара официјално се регистрирани рекордни 5.114 убиства, што е за 50 отсто отколку во 2016 година. Во Бразил, пак, во 2016 година се случиле рекордни 61.619 убиства, во просек по седум на еден час.