„Етнос“: Атина почнува битка со цел да март да ја добие следната транша од финансиската помош

Од:

Владата на Грција почнува битка со цел до март да ја добие следната транша од меѓународната финансиска помош, пишува весникот „Етнос“.

Следната транша изнесува 9,2 милијарди евра, а одлуката за нејзиното доделување се очекува да биде донесена од Еврогрупата на 21 јануари.

Освен овие пари, додава весникот, кабинетот на премиерот Андонис Самарас се надева дека во февруари и март ќе ги добие преостанатите транши од помошта. До март Грција вкупно треба да добие уште 14,8 милијарди евра од меѓународната финансиска помош.

Траншата за јануари од 9,2 милијаерди евра е наменета за рекапитализација на банките, за што се одредени 7,2 милијарди евра и две милијарди за потребите на буџетот. Условот за доделување на овие средства беше грчкиот Парламент да го изгласа законот за даночни измени, што беше направено и Владата да ги зголеми цените на струјата, што исто така е сторено.

За траншата за февруари од 2,8 милијарди евра од кабинетот на Самарас се очекува да ги плафонира трошоците во државната администрација, а за парите во март во вредност од 2,8 милијарди евра се бара да се забрза решавањето на проблемите со намалувањето и преструктуирањето на државниот долг.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција