За што повеќе да ја задржат својата приватност за себе, Кејт и Вилијам бараат само едно лице кое би се грижело за нивното домаќинство. Од кралевскиот двор објавиле оглас.
Од Бакингемската палата објавиле конкурс за работа преку кој се бара лице кое ќе се грижи за домаќинството на војводата и војвотката од Кембриџ. Од вработениот бараат сите подрачја за живеење да бидат уредени и чисти во секое време на денот. Ќе биде потребно да се грижи за гардеробата на принцот Вилијам (30) и Кејт Мидлетон (31) што се однесува на перење и пеглање. Договорот би се потпишал на 37 часа неделно,, од понеделник до петок, јави The Sunday Express.
Но, постои можност заради одредени потреби на работа да треба да се останува и подолго. Лицето кое ќе се пријави за работата мора да ги сака кучиња, затоа што понекогаш кралските миленици ќе биде потребно да се прошетаат.
– Кандидатот мора да има и организациски способности, одлични говорни и писмени вештини. Мора да се снаоѓа сам, но и да учествува во тимска работа, пишува во огласот за работа.
Кејт и Вилијам сакаат само едно лице кое сето тоа ќе го извршува за што повеќе да ја задржат својата приватност за себе. За неколку часа добиле 15 молби.