(ВИДЕО) Ѓорчев: ВМРО-ДПМНЕ бара проширување и на употребата на јазиците на помалите етнички заедници

Од:

Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека со жалење константираат дека владејачката колаиција нема слуш и сенс на барањата и апелите на ВМРО-ДПМНЕ, но и мнозинство од граѓаните на Република Македонија за повлекување на Законот за употреба на јазиците во Република Македонија.

– Ние би ја искористиле оваа прилика како ВМРО-ДПМНЕ од името на граѓаните на Република Македонија уште еднаш да ја повикаме владејачката коалиција како и СДСМ да го повлечат законот за јазици. Затоа што станува збор за закон кој е далекусежен, закон кој што е комплексен и закон кој што ги засега огромен број институции во Република Македонија. Од тие причини наредниве часови и денови апелираме владејачкото мнозинство предводено од СДСМ да го повлече овој закон, да се формираат работни групи, да се консултира експертската јавност, да се видат меѓународните искуства и во таа атмосфера на взаемни консултации, во таа атмосфера на политички дијалог да видиме кои се решенијата кој што се најдобри, изјави Ѓорчев.

Тој нагласи дека тие се подготвени да дискутираат за зголемен опфат и употреба на јазиците во Македонија, но дека се против решенија кои се набрзина подготвени.

– Не е добро во Република Македонија само во име на формирање на одредена политичка и партиска коалиција во цајтнот да се прават закони кои што се лоши, закони кои што се недоречени, закони кои што огромен број на луѓе не знаат како да ги толкуваат, ниту пак можат да ги разберат. Значи уште еднаш ајде заеднички преку дијалог, преку консултации, преку взаемна соработка меѓу политичките партии да направиме текст кој што ќе биде заеднички прифатлив, текст кој што ќе биде добар за граѓаните, текст кој што ќе значи унапредување на правата, но истовремено и текст кој што ќе биде во рамки на Уставот на Република Македонија, рече Ѓорчев.

Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата бараат и инсистираат во Законот за употреба на јазици да се прошири употребата на јазиците и на помалите етнички заедници, односно Турците, Бошњаците, Србите, Ромите, Власите и останатите.

– Значи потребен ни е закон кој што ќе ги афирмира правата на сите во Република Македонија а не кој што ќе носи кон флуаризација или пак разни толкувања кои што овие деновиги слушам во јавност.
Значи уште еднаш ВМРО-ДПМНЕ бара и инсистира да имаме поголем опфат на употреба на јазиците на помалите етнички заедници во Република Македонија, односно Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и сите оние кои живеат во Македонија, рече Ѓорчев.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ