СДСМ: Враќањето на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието само за еден закон, покажува дека се незаинтересирани за потребите на граѓаните

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес конференцијата на Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ досега имаше можност да учествува во процесот на донесување на Законот за употреба на јазиците, но наместо тоа опозициската партија одбра да не учествува по сопствен избор.

Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ ги бојкотира реформските процеси во Собранието, коишто се во интерес на граѓаните, со што останува заробена во политиките на поделби, изолации и деструкции коишто со години ги промовира.

Најавата дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати во Собранието само за дебата за еден закон, јасно покажува дека опозициската партија е незаинтересирана за интересите и потребите на граѓаните. Оттука јасно е дека потегот на ВМРО-ДПМНЕ не е поврзан со интересот на граѓаните или со подобрување на животот на граѓаните туку исклучиво станува збор за провидна, ситна политикантска игра.

Ваквите политики на подгревање поделби и раздор одамна се препознаени и поразени од мнозинството граѓани на Република Македонија.

Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот на Република Македонија и со него се унапредува употребата на сите јазици на немнозинските заедници во земјава.

Со ништо не се доведува во прашање унитарниот карактер на Македонија, а употребата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и понатаму остануваат единствени официјални службен јазик и писмо на територија на Република Македонија, во нејзините меѓународни односи, одбраната, монетарната политика и централната полиција.

Секој исчекор кон градењето на едно општество за сите, концепт во кој СДСМ силно верува и којшто доби сериозна поддршка од граѓаните на последните неколку изборни циклуси, е во интерес на сите граѓани и на Република Македонија“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата