Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Локалната самоуправа на Општина Штип и ОО Црвен крст Штип

Од:

„Овде сме во ОО Црвен крст Штип, кадешто потпишавме Меморандум за соработка помеѓу Општина Штип и ОО Црвен крст Штип, со којшто се заложуваме во иднина да работиме поактивно на помаѓање на нашите сограѓани коишто се наоѓаат во социјален ризик, на коишто им е многу потребна помош од Црвен крст, од нас и од сите наши сограѓани.

Воедно заедно со Црвен крст обезбедивме 25 пакети коишто беа поделени на дваесет и пет социјално загрозени семејства. Сакам да ги повикам сите наши сограѓани да се вклучат во вакви активности со коишто можеме да помогнеме многу на наши сограѓани на коишто им е многу потребна ваква помош.

Јас како градоначалник и ние како институција Општина Штип продолжуваме во соработка со Црвен крст и со сите оние граѓани коишто сакаат да дадат свој придонес да ги помагаме нашите сограѓани и со тоа да придонесеме да живееме сите заедно во едно подобро и поубаво општество за сите“ изјави градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена