Во текот на вчерашниот ден, на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле 13 сообраќајни незгоди, од кои две со тешки телесни повреди, пет со телесни повреди и шест со материјална штета.
При сообраќајните незгоди три лица се здобиле со тешки телесни повреди (пешаци), додека пет лица се здобиле со лесни телесни повреди.
Од преземените мерки и активности констатирано е дека 23 возачи го управувале возилото со поголема брзина од дозволената. 12 возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи двајца го управувале возилото под дејство на алкохол додека 10 возачи управувале возило без да се стекнат со право за управување на моторно возило.
Поради нерегистрирани возила од сообраќај се исклучени 11 возила. Еден пешак е санкциониран бидејќи го поминал коловозот надвор од пешачки премин. Пет возачи се санкциониран бидејќи ја поминале крстосницата на црвено светло додека двајца возачи неправилно се престроиле.
Во текот на изминатиот ден издадени се 92 мандатни платни налози, додека 94 возила се подигнати со “пајак”.