На натпреварите на Светското ракометно првенство кое се одржува во Шпанија, репрезентациите на Македонија и на Данска ги постигнаа вторите победи и се наоѓаат на водечките две позиции на табелата во Б групата, додека Франција има максимални 4 бодови во А групата.
Преглед на резултатите од 2.коло:
Б група (Севиља): Македонија – Катар 34:30, Данска – Русија 31:27 и Исланд – Чиле 38:22. Табела: Данска 4 бодови, Македонија 4, Русија 2, Исланд 2, Катар 0, Чиле 0.
А група (Гранољерс): Бразил – Аргентина 24:20, Тунис – Германија 25:23 и Црна Гора – Франција 20:32.
Табела: Франција 4, Германија 2, Тунис 2, Бразил 2, Аргентина 2, Црна Гора 0.
Во групите А и Б денеска е слободен ден, но затоа се играат натпреварите од 2.коло од групите Ц и Д.
Распоред на натпреварите за денеска 14 јануари:
Ц група (Сарагоса): Јужна Кореја – Словенија, Белорусија – Словенија и Саудиска Арабија – Полска.
Д група (Мадрид): Алжир – Хрватска, Египет – Шпанија и Австралија – Унгарија.