Работник се здоби со тешки изгореници при пожар во кумановска фабрика

Од:

Во текот на вчерашниот ден околу пладне во кумановска фабрика за чевли во помошната котларница за парно греење настанал пожар, при што работникот М.В.(57) од Куманово се здобил со изгореници.

Како што информираат од полицијата, од страна на Итна помош повредениот бил пренесен во општата болница во Куманово каде што му била укажана лекарска помош, но поради карактерот на повредите истиот бил префрлен на Ургентниот центар во Скопје за понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од кумановската полиција.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип