Во изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Велес низ стари фотографии“.
На изложбата ќе бидат прикажани 150-ина фотографии. кои претставуваат приказ на развојот на Велес низ призмата на староградската архитектура, историјата и етнологијата.
Изложените фотографии опфаќаат период од сто години, а најстарата фотографија датира од 1863 година и претставува приказ на панорамски поглед на Велес.
Оваа колекција на фотографии беше претставена и пред публиката во Скопје, Кочани, Велес, но и во Врање, Шибеник, Кључ и на други места. Автори на изложбата се Павлина Василева (пензиониран кустос) и Марин Клифов, виш кустос-историчар во Локалната установа Народен музеј на градот Велес.
Изложбата е во организација на Центарот за култура во Куманово и на Народниот музеј од Велес.