Македонија денеска одбележува 37 години од раѓањето на најголемата македонска и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески, кој трагично загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска.
Во неговиот роден град Крушево ќе се одржи музичка манифестација во организација на локалната самоуправа, спомен куќата „Тодор Проески“, меѓународната фондацијата „Тоше Проески“ и средното училиште „Наум Наумовски Борче“.