Поригорозни мерки за поголема контрола на трошењето на јавните финансии

Од:

Владата по предлог на Министерство за финансии на денешната седница го усвои годишниот извештај за функционирање на системот на јавна внатрешна финансиска контрола за 2016 година.

„Во однос на оваа точка, функционирање на системот на јавна внатрешна финансиска контрола, членовите на Владата констатираа слабости во однос на работата на внатрешните ревизии и контрола на јавните финансии на централно и локално ниво“, соопшти Владата.

Од таму додаваат дека на седницата е усвоен заклучок да бидат преземени соодветни и поригорозни мерки за да се подобри ефикасноста на контролата на трошењето на јавните финансии.

Би можело да ве интересира

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи

Левица: Наместо помош за настраданите во Кочани, Владата дала 23 милиони денари за да си го измери рејтингот

СДСМ: Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната и најхаотичната што Македонија ја имала

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами