400 жители на Центар се ослободија од старите и опасни електронски уреди

Од:

Жителите на општина Центар се ослободија од старите и дотраени електрички уреди и опрема. Во акцијата „Донеси стар уред и земи ваучер со попуст за нов“, 400 граѓани се пријавија за учество во акцијата и ги донесоа на собирните пунктови старите телевизори, машини за перење, бојлери и мали уреди за домаќинство.

Секој од нив, доби ваучер од „Техномаркет“, во вредност од 100, 400 и 600 денари. Многуминасе откажаа од ваучерите, а собраната сума ќе се искористи за набавка на нов уред, кој што ќе се донира на социјално загрозено семејство.

Акцијата е дел од континуиран проект, кој што две години се спроведува на територијата на Општина Центар, во соработка со урбаните заедници и колективниот постапувач „Нула отпад“ од Скопје.

На овој начин, општината ги исполнува законските надлежности согласно Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и спроведува редовно организирано собирање на отпадот од својата територија.

Електричниот и електронскиот отпад иако навидум делуваат како нетоксичен отпад, нивното несоодветно третирање, уништување и депонирање доведува до испуштање на тешки метали во воздухот, водата и почвата, кои што сериозно делуваат на здравјето на граѓаните и воопшто на квалитетот на животната средина.

Современиот начин на живот наметнува купување на нови електрични и електронски уреди, а со тоа исфлање на старите, дотраени уреди.

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила