Не е можно сирискиот претседател Башар ал Асад да се повлече од власта, бидејќи тоа не е предвидено во меѓународните договори, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
– Нашите партнери се убедени дека е потребно Башар ал Асад да биде отстранет од политичкиот процес. Таков предвремен услов не се содржи во документот од Женева, прифатен во јуни од големите сили, и не е можно тоа да се оствари, бидејќи не зависи од никого, истакна Лавров.
Тој ја повика сирсиката опозиција да предложи идеи за дијалог, откако Асад ги формулира своите предлози.
– Претседателот Асад даде иницијативи за започнување дијалог со сите опозиционери. Можеби тие не одат доволно далеку и на некого му изгледаат несериозни, но тоа се предлози. Ако сум јас на местото на опозицијата тогаш ќе изнесам предлози како да започнат разговорите, нагласи шефот на руската дипломатија.