ВИДЕО: Казинс урна рекорд стар половина век

Од:

Демаркус Казинс „Буги“, центарот на Њу Орлеанс Пеликанс, е тема во кошаркарските кругови преку Атлантикот. Во победата на неговиот тим по две продолженија над Чикаго, 132:128, тој пружи историска партија.

„Буги“ за 51 минута на теренот постигна 44 поени, на кои им придодаде 24 скока, 10 асистенции, 4 украдени топки, една блокада и 5 загубени топки.

Центарот на Њу Орлеанс направи нешто што не е видено во НБА лигата 50 години. Во 1968 година легендарниот Вилт Чемберлен оствари „трипл дабл“ со повеќе од 40 поени и 20 скока.

Резултати:

Шарлот Хорнетс-Сакраменто Кингс 112:107
Атланта Хокс-Јута Џез 104:90
Хјустон Рокетс-Мајами Хит 99:90
Мемфис Гризлис-Филаделфија 105:101
Милвоки Бакс-Феникс Санс 109:105
Далас Маверикс-Вашингтон Визардс 98:75
Денвер Нагетс-Портланд Трејлблејзерс 104:101
ЛА Клиперс-Минесота Тимбервулвс 118:126

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот