Затворање на изложбата на Мазев со предавање на професорот Џепароски

Од:

По повод затворањето на големата ретроспективна изложба, „Петар Мазев – 90 години од раѓањето“, која предизвика огромна посетеност и публицитет, Националната галерија на Македонија (НГМ) организира стручно водење низ изложбата со професорот Иван Џепароски, утре од 12 часот, во Даут пашиниот амам…

Еден од најеминентните филозофи и естетичари, проф. Џепароски ќе одржи предавање во амбиенталното опкружување на изложбата на Мазев, а ќе зборува за специфичните аспекти на неговото творештво, кое го одбележа крајот на 20 век, на овдешните простори, како и за вулканската енергија, жестокиот колорит и нескротливиот дух на овој великан на македонската модерна.

Предавањето на Џепароски, како што велат од НГМ, ќе биде можност да се слушне едно ново исчитување на творештвото на Мазев, кое тргнува од лични импресии, за потоа да не запознае со новите теории и гледања на овие слики низ различни призми и пристапи.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски