А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Ќе се зголемува свеста кај учениците за спасување на храната

by А1он23/01/2018 - 10:58144
Share0

Кон крајот на јануари, 2018 година, Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“ ќе имплементира програма за учење преку практични примери и демонстрации која ќе ги насочува учениците од средното стручно образование за Целите за одржлив развој.

Добивај вести на вибер

Со зајакнување на нивните претприемнички вештини, учениците во иднина ќе бидат подготвени да отворат „зелени работни места“.

Оваа програма ќе трае 6 месеци и ќе се оствари во две средни стручни училишта во Скопје.

Визијата со која тргнува овој проект е – Што помалку отпад од храна во Македонија. Сознанијата говорат дека во нашата земја има вишок безбедна храна која може да се реупотреби, рециклира и да се постапува со неа правилно.

Со програмата, ќе се работи на зголемување на свеста на младите за постоењето на Целите на ОН за одржлив развој, а темата „отпад од храна“ во контекст на Македонија ќе ги вклучи и чекорите што треба да се направат за решавање на овој тип проблем.

Ученичкиот ангажман ќе се фокусира не само на еколошките, социјалните и економските придобивки од спречувањето на отпадот од храна, туку уште поважно – ќе им се обезбедат можности за развивање на вештини за начините на сопствено планирање и водење на бизнис, воедно следејќи ги зелените принципи.

hrana

Би можело да ве интересира

Минималната синдикална кошница за месец септември изнесува 65.077 денари

Горан Наумовски20/09/2025 - 13:10

Израел: Во Појасот Газа нема глад, ова е лажна кампања промовирана од Хамас

Горан Наумовски27/07/2025 - 07:06

(ВИДЕО) Денеска најмалку 25 лица загинаа во Газа чекајќи храна

Горан Наумовски26/07/2025 - 13:18

Најмалку 57 луѓе починаа во Газа од неухранетост

Горан Наумовски03/05/2025 - 20:24

АХВ заплени и уништи 1.740 килограми небезбедна храна

Горан Наумовски21/04/2025 - 09:5021/04/2025 - 09:50

Аферата во Украина: Се збогатија купувајќи храна за војската, купија хотели во Хрватска

Горан Наумовски05/04/2025 - 19:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен