Во текот на вчерашниот ден, на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле седум сообраќајни незгоди од кои три со телесни повреди и четири со материјална штета.
При сообраќајните незгоди три лица се здобиле со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 18 возачи го управувале возилото со брзина по голема од дозволената.
17 возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи 15 возачи го управувале возилото без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца бидејќи биле возачи почетници.
Едно возило е исклучено од сообраќај бидејќи било технички не исправно, додека седум возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле не регистрирани.
Тројца возачи се санкционирани бидејќи ја поминале крстосницата на црвено светло, двајца не дале првенство на минување на пешаци и четворица не правилно престигнувале.
Во текот на изминатиот ден издадени се 68 мандатни платни налози, додека 93 возила се подигнати со „пајак”.