Апелациониот суд во Скопје по цели девет години, потврди дека актерот Ристо Шишков не бил кодошен од неговиот колега Петар Арсовски.
Арсовски го тужеше поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Шамбевски за клевета искажана на партиска прес-конференција на 26 февруари 2009 година. Тогаш Шамбевски рече дека Арсовски директно учествувал во конструкцијата на обвинението против неговиот колега Ристо Шишков.
На прес-конференцијата, Шамбевски рече дека Арсовски го клеветел Шишков дека ги напаѓал тогашниот комунистички режим и дека токму поради дадени изјави, Ристо Шишков бил осуден и затворен.
Шамбевски ќе треба да плати надомест на штета од 120 илјади денари и да ги надомести трошоците за судската постапка. Судската постапка траеше девет години поради непојавување на тужениот на суд, иако на судот му беше познато дека тој е во македонската амбасада во Кина.