Расчистена старата депонија во Штип

Од:

„Денеска бевме на локацијата на старата депонија за отпад, на потегот помеѓу населбите Железничка, Пребег и Ново село. Како што многу наши сограѓани знаат, станува збор за локација за којашто пред петнаесетина години беше донесена одлука да се потрупа со градежен материјал, земја и шут.

Деновиве, екипи најмени од страна на Општина Штип вршеа чистење на овој дел од градот, бидејќи сè уште постојат граѓани коишто го загадуваат овој простор со отпад.

Според Закон за јавна чистота, загадувањето со отпад е казниво, па затоа апелирам до сите наши сограѓани да не го фрлаат отпадот овде и да се грижат за чистотата на овој дел од нашиот град, кој од ден на ден сè повеќе се развива и расте. На овој потег секојдневно пешачат и се рекреираат не само граѓаните од населбите Пребег и Железничка, туку и од целиот наш град. Со совесно граѓанско однесување можеме да ги спречиме непријатните глетки на отпад во овој дел.

Чистење на старата депонија треба да се прави редовно, но заради немарна работа на претходната власт, оваа локација не беше чистена подолг период. Имено, за чистење на оваа локација секогаш се распишува тендер, но и покрај тоа што тендери биле распишувани, средствата биле исплатени, но работата на терен не била извршувана.

Општина Штип на самиот почеток од оваа година ја чисти оваа локација, со цел повторно да може да се навлекува земја и да се одржува здравата и чиста средина, што е во интерес на сите нас.

Инаку, Општина Штип заедно со Општините од регионот е вклучена во работата за отворање регионален центар за управување со отпад, каде со најмодерна технологија ќе се складира отпадот, а со минимално влијание врз животната средина“ изјави Благој Бочварски при чистењето депонијата во Штип.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“