Укинати забраните за тешки товарни возила на Стража и Маврово

Од:

Забраните за сообраќај на тешки товарни на планинските премини Стража и Маврово се укинати. Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози и наместа со остатоци од кашест снег по коловозите, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Би можело да ве интересира

Магла на патиштата во Струмица и Тетово

Сообраќајот на Плетвар е во прекин поради сообраќајна несреќа

Изгасната е цистерната, отворен е патот Струмица-Радовиш

Катерина Ѓуровски

Запалена цистерна, затворен патот Струмица-Радовиш

Катерина Ѓуровски

АМСМ: Во прекин локални патишта во Крива Паланка, на граничниот премин Богородица за излез се чека околу 30 минути

Регионалниот пат Валандово – Струмица, кај Валандовско Брдо во прекин за камиони и автобуси