Конференција на министрите за култура во Давос

Од:

Заклучоците за Декларацијата која го промовира концептот на култура на изградба – Баукултур, се во фокусот на конференцијата на министрите за култура во Давос, Швајцарија.

Од Министерството за култура информираат дека конференцијата започнува вечерва со експертски обраќања, а утре ќе се обрати и министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски, кој на маргините на Форумот веќе остварил средби со неколку свои европски колеги.

„Според министерот, културата треба да биде во срцето на урбаното планирање. Се очекува овој процес да понуди решенија за висок квалитет на сите идни градежни зафати во урбаните јадра, но и на периферијата и во руралните средини. При тоа, старите традиции треба да го детерминираат односот и кон новите градби, особено вклучувајќи ги и модерните искуства“, потенцираат од Министесртвото за култура.

Алаѓозовски на маргините на форумот остварил средби со неколку колеги, меѓу кои министерката за надворешни работи, правда и култура на Лихтенштајн, Аурелија Фрик, со министерката за култура на Литванија, Лиана Руоките – Јонсон, како и со министерот за култура на Украина, поранешен актер и икона на протестите на Мајдан, Јевген Нишчук. На неформалната средба, министрите за култура на Македонија и Украина размениле сознанија за двете културни сцени и договориле во иднина да се оствари и културна размена на уметници.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пендаровски на дипломатскиот дијалог за Западен Балкан во Давос

Лајен во Давос го најави Зелениот индустриски план

А1он

Пендаровски во Давос: Во регионот има две чувствителни точки – Република Српска и северот во Косово

Катерина Ѓуровски

Анкетите спроведени пред форумот во Давос предвидуваат глобална рецесија во 2023 година

А1он

Политичките лидери пристигнуваат во Давос, на Илон Маск настанот „му звучи досадно“ и нема да присуствува

А1он

Почнува Светскиот економски форум во Давос

Ана Ололовска