Хрватска ќе го користи тајниот воен проект на Тито „Нептун“

Од:

Заборавениот супертаен воен проект „Нептун“ од времето на Јосип Броз Тито, кој бил направен за управување на ракетниот систем на поранешна ЈНА и чија мрежа се протега од Бриони се до Бока Которска, хрватската Влада ќе го искористи за обединување на комуникациската мрежа во јавните претпријатија, пишува загребскиот весник „Јутарњи лист“.

Проектот, како што се наведува, ќе овозможи широка примена на интернет и инфраструктура на оптичка мрежа, која нема да биде само во сопственост на телекомуникациските компании, туку и на државата.

Мрежата ќе биде изградена врз основа на постоечките околу 3.000 километри, кои се во сопственост на ЈАНАФ (Јадранскиот нафтовод), ХАЦ (Хрватски патишта), Хрватските железници и Плинакроа, а се наоѓа низ трасите на автопатишта, нафтоводи, гасоводи, железнички пруги… Со тоа целосно ќе биде покриен копнениот дел на Хрватска.

За поврзување на брегот и островскиот дел на Хрватска би се искористиле каблите кои од 1974 до 1990 година под нивото на морето ги постави поранешната ЈНА.

Станува збор за супертајниот проект „Нептун“, кој е изграден за управување со ракетните системи и централизирање на комуникацијата. За проектот се знае многу малку, бидејќи голем дел од документацијата е уништен. Меѓутоа, се смета дека инсталациите се во многу добра состојба.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ