Турција започна акција против сириските Курди

Од:

Турската армија објави дека извела нови удари врз цели на курдската милиција „Единици за заштита на народот (YPG)“ во северна Сирија.

Ударите врз позициите на сириските Курди биле изведени во областа на градот Африн, кои преставуваат „легитимна одбрана“, поради претходните напади во овој сириски регион, кој од 2012 година го контролираат курдските милиции кои Анкара ги смета за поврзани со забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK).

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во неколку наврати последните денови се закани дека ќе изведе заедничка копнена операција со сириските бунтовници коишто ги поддржува Анкара за да ги истиснат сириските Курди од областа на границата со Турција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија