Ципрас: Не постоела македонска нација во античко време

Од:

„Не постоела македонска нација во античко време“, вели грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за неделното издание на весникот „Етнос“ кое ќе биде објавено утре.

Во најавата за интервјуто стои дека Ципрас говорел детално за прашањето за името, текот на преговорите меѓу Македонија и Грција и за тоа какво име би прифатила грчката Влада.

Во врска со коалицискиот партнер во Владата и неговата различна позиција во спорот за името, Ципрас вели дека „Каменос нема да стане Самрас“, со што индиректно порачува дека лидерот на независни Грци нема да создаде проблеми во грчката Влада.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он