Илјадници грчки анархисти протестираа вчера во центарот на Атина поради покренување обвиненија против 92 лица, кои се обидоа повторно да се вселат во, според нив, незаконски изграден државен објект, откако беа протерани од полицијата минатата недела.
Демонстрантите, кои според полицијата биле 3.000, а според организаторите 8.000 луѓе, се собраа пред зградата на судот во Атина, каде беа покренати обвиненија против незаконски вселените станари, и започнаа да се заминуваат по ослободувањето на обвинетите.
Незаконско вселените станари беа времено ослободени, а подоцна ќе им се суди под обвинение за нелегално вселување во државна сопственост.