Патнички автомобил покосил група луѓе на шеталиштето на познатата плажа Копакабана во Бразил, при што загина едно бебе, а 15 лица беа повредени.
Според првите информации, возачот кој е уапсен имал напад на епилепсија зад воланот, па затоа ја изгубил контролата над возилото.
Тешко оштетениот автомобил застанал во песокот, а на телевизиските снимки може да се видат повредените кои лежат на земја и добиваат медицинска помош.
Сведоци изјавиле дека автомобилот преминал преку велосипедската патека на шеталиштето, а потоа влегол во градина на локално кафуле, каде удирил во повеќе луѓе и уништил маси и столови.
Полицијата потврди дека не станува збор за терористички напад и дека во возилото биле пронајдени лекови што ги користат луѓе кои страдаат од епилепсија.