Истражувањето на научниците од турскиот Републички универзитет во Сивас открило дека современиот начин на живеење и навиките на луѓето во модерното време предизвикуваат голем број алергии.
Професорот Омер Чевит изјави дека брзото живеење, нездравата исхрана, технолошките олеснувања и недостатокот на физичка активност предизвикуваат слабеење на имунитетот кај модерниот човек.
Тоа, во иднина, е причина за појава на многу алергиски симптоми, како што се чешање, течење на носот, насолзени очи, нарушување при дишењето, кашлица, вртоглавици и слично.
– Алергиите на полен, на животинско влакно и на некои конфекциски материјали честопати се појави кои можат да имаат и трагични последици кај современиот човек, истакна Чевит.
Нагласувајќи дека луѓето некогаш живееле поздраво и поумерено, Чевит нагласи дека во последните децении појавата на нови алергии станала глобален проблем.