Либерално демократската партија смета дека одговорот, на барањата од здружената опозиција, кој ВМРО-ДПМНЕ го лиферуваше преку соопштение е одраз на стравот и немоќта на Груевски. Како и секогаш досега, велат, кога се во прашање клучните интереси на нашата земја, Груевски нема смелост да излезе и на јавноста да и објасни што се случува , па информациите наместо директно од него, граѓаните ги добиват од домашните и странски медиуми.
„Врв на лицемерието е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за конструктивност и дијалог во институциите на системот кога, токму тие, на најбрутален начин ги исфрлија новинарите и пратениците од опозицијата од најзначајната институција за демократијата, Собранието на РМ. Токму тие со газење врз Уставот и непочитување на основните принципи на демократијата ја предизвикаа политичката криза која, се повеќе се продлабочува. Сметаме дека единствено можно решение за надминување на кризата и враќање на легитимитетот на институциите на системот се предвремени парламентарни избори“, регираат од ЛДП.
„Но ако, досега Груевски најмногу од се’ се плашеше ,да се соочи на дуел со неговите политички неистомисленици , повеќе од очигледно е дека сега, кога во целост се демаскираа неговите погубни политики и кога илјадници граѓани од цела Македонија, енергично, одважно му се спротиставија и си ја побараа слободата и демократијата, чуствува огромен страв и бега од соочување со народот“, стои во соопштението на ЛДП.